Thursday, August 12, 2010


Meлeтиjе Брковски - Мијак неодамна ја промовираше книгата „Мијаци, приказна од западната страна“, прв том од обемниот тритомен труд што се обидува да ги разгатне тајните на овој македонски ентитет.

   Неодамна во Скопје се одржа промоцијата на книгата „Мијаци, приказна од западната страна“ на Мелетие Брковски Мијак. Станува збор за првиот том на обемното тротомно дело, каде што авторот се обидува,  би рекле,  пионерски да навлезе  во суштината,  хронологијата и документацијата за ова македонско племе. Според некои авторитети,  во овој неспорно голем труд,даден e приказ на главните белези на Мијаците, како специфичен македонски ентитет на овие простори и надвор од нив. Во книгата се застапени низа имиња на важни луѓе на овдешната култура, репродукции од најзначајните зографски и ликовни дела, чие значење е и денес непроценливо вредни. 

   Овој своевиден албум на слики и портрети од мијачките предели, а особено од мијачките семејства, на насловната страница ја има ретковидената репродукција на сликата на Данаил Фрчковски „Исус Христос и Неверен Тома“. Во суштина, се работи за детал од едно ретко познато дело наз овој наш преродбеник. Во самата книга, љубопитниот читател ќе пронајде низа вакви бисери. Се разбира, не само во доменот на репродукциите (што ги има во навистина импресивен број), туку и во исклучително занимливиот текстуален дел.

 

No comments:

Post a Comment